Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Платите на докторите се покачија двојно, обезбедивме квалитетен инсулин за дијабетичарите

0
By Marija Todorovska on March 25, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 25, 2024 21:33

Венко Филипче во прво интервју по објавената кандидатура за пратеник се осврна на реализираните проекти во здравството додека тој беше министер во период од пет години кога Владата ја предводеше Зоран Заев. Филипче истакна дека во тој период и покрај сите предизвици со Ковид кризата, реализирани се низа проекти и реформи кои се од клучно значење за пациентите и здравствените работници.

„Сериозно да ги покачивме платите на докторите, повеќе не работат за 60 000 денари туку за 120 000 денари. Повеќе од 20 000 луѓе пациенти со дијабет добија оригинален инсулин благодарение на тие инвестиции. До тој момент луѓето примаа инсулин од паралелен увоз од Турција, не знаеа како делува тој и имаа бројни компликации. За првпат ги плативме приватните специјализанти. Тие до тогаш работеа бесплатно, ги плативме и дежурствата и добија и здравствено осигурување“ – меѓу другото напомена Филипче. Тој уште еднаш изрази поддшрка за барањата на специјализантите кои бараат покачување на платите и рече дека треба да се зголемат во согласност со зголемувањето на сите примања во државата. 

Филипче истакна дека во неговиот мандат се извршени реконструкции во огромент број на здравствени установи, обезбедени се лекови за лицата со ретки болести и низа други реформи кои биле директно во корист на пациентите. Тој исто така кажа дека е потребно да се направи уште многу и дека во здравството се потребни уште повеќе инвестиции. 

„Се реновира огромен број на одделенија низ државата, се купи огромен број на опрема, точно димензионирана таму кај што треба за луѓето да не патуваат и да ги прават потребни интервенции и радиолошки испитувања ширум државата. Ги вклучивме целосно младите лекари во системот на донесување на одлуки, за прв пат ја плативме нивната работа. Меѓутоа, знаете како, тоа е еден динамичен систем. Потребни се континуирани подобрувања“ – рече Филипче

Венко Филипче дијабетичари доктори инсулин плати
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.