Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: СДСМ се бори за поголеми плати, за држава што работи за своите граѓани, а не за партиските елити на власта

0
By Zoran Ivanov on October 13, 2025 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 13, 2025 21:33

Ова не се обични избори. Сега е моментот да се собереме, да ја обединиме силата на сите разочарани, на сите што замолкнале, на сите што сè уште веруваат дека оваа држава може да се гради поинаку, истакна вечерва претседателот на СДСМ Венко Филипче од граѓанскиот собир „Се бориме за нашиот дом“ во Чешиново Облешево. Им порача на граѓаните дека на 19 октомври следува важна одлука за иднината на секоја општина, за секое маало и за цела Македонија.

Филипче нагласи дека СДСМ се бори за поголеми плати, за држава што работи за своите граѓани, а не за партиските елити на власта.

Се бориме за минимална плата од 500 евра, за ред и правда, за држава што работи за своите граѓани, а не за партиските елити. Народот не живее од статистички бројки – тој знае колку чини лебот, млекото, колку тешко се живее, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ се осврна на состојбата во земјоделството каде, како што рече, власта на ВМРО-ДПМНЕ ги укина најдобрите мерки и го обезвредни трудот на земјоделците.

-Овде во Чешиново-Облешево да продолжиме  да градиме, да носиме решенија и да обезбедуваме напредок за секој човек. Со Горанчо Крстев, општината ќе се развива, вие тоа го видовте. Тој знае дека политиката не е театар, туку служба. Знае дека местото на градоначалник не е позиција за моќ, туку обврска за резултати, истакна Филипче.

Тој нагласи дека општина Чешиново Облешево, со кандидатот за градоначалник од СДСМ, Горанчо Крстев и советничката листа на СДСМ и Коалицијата повторно ќе биде посакувано место за живеење.

– Чешиново Облешево со Горанчо Крстев – Грга ќе биде општина на задоволни граѓани, без корупција, уредена и чиста, со целосно подобра инфраструктурата, социјална сигурност на граѓаните, поддршка на младите, развој на туризмот и грижа за секое населено место, рече Филипче.

Од програмата на Крстев, која предвидува реални проекти, Филипче издвои изградба на крак од канализација со пречистителна станица во Соколарци, систем за техничка вода во Чешиново, Облешево, Чифлик и Уларци, повеќенаменско игралиште во Спанчево, реконструкција на улици и изградба на паркови и пешачки зони.

ВМРО-ДПМНЕ во последните четири години не реализира ниту еден капитален проект во општината, не покажа ниту волја, ниту капацитет за одговорно управување. Се што Горанчо Крстев им остави, го запреа. Сè што требаше да продолжи – го уназадија. Нема ништо од ветувањата за патот Соколарци–Чешиново, ниту од најавената бања во Баер, спортски сали и пречистителни станици. Локалната власт не покажа ниту волја, ниту капацитет за работа, рече Филипче и ги повика граѓаните на 19 октомври да гласаат за бројот 5, за СДСМ и Коалицијата.

 

локални плати СДСМ Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.