Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Средба со криминалци нема – техничката влада мора да остане!

0
By Zoran Ivanov on January 8, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 8, 2026 15:11

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека нема да има средба за техничката влада со, како што рече, „криминалци кои се обидуваат да ја узурпираат државата“, обвинувајќи ја власта дека бара алиби за распишување предвремени избори.

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара алиби за распишување на предвремени избори, изјави Филипче на денешната прес-конференција.

Филипче оцени дека актуелните политички случувања се дел од сценарио подготвено уште минатата година, за кое, како што рече, СДСМ јавно предупредувал со месеци.

Ова што се случува е сценарио смислено уште лани, кое јас и СДСМ го разоткривме и јавно го говоревме повеќе од два месеци. Предвремени избори, па мигранти за пари, рече тој.

Според него, во буџетот нема средства, поради што власта се обидува да отвори простор за нови задолжувања.

Нема пари во буџетот, власта се брза да превезува мигранти, да земе кредит од 6 милијарди евра, плус 20.000 фунти по мигрант, како што пренесоа британските медиуми, додаде Филипче.

Тој порача дека СДСМ нема да учествува во, како што ја нарече, „тендер коалицијата ВМРО–ЗНАМ“.

Мицкоски и тендер коалицијата ВМРО–ЗНАМ нека си ги распишат изборите сами кога веќе се имаат испланирано. СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио, изјави Филипче.

Претседателот на СДСМ нагласи дека техничката влада мора да остане поради, како што рече, целосната узурпација на институциите од страна на власта.

Техничката влада мора да остане, затоа што власта узурпираше сѐ. Ги стави канџите во правосудството, презема целосна контрола врз обвинителството и носи измени на Кривичниот законик спротивно на препораките на Европската Унија, рече тој.

Филипче обвини дека измените се носат „за заштита на криминалот на власта“, додавајќи дека со резолуции и закони се укинува слободата на говор и се спроведува целосна партизација на полицијата.

Претседателот на СДСМ најави дека во текот на утрешниот ден ќе организира брифинг на кој ќе бидат презентирани детали за состојбите во правосудството.

Да не беа овие чекори, можеби и можеше да се разговара. Но ова е класична мафија, изјави Филипче.

Во продолжение, тој повтори дека нема простор за дијалог.

Со криминалци кои се обидуваат да узурпираат сѐ и да се спасат себеси, нема седнување на маса за техничката влада – има само одговорност, нагласи тој.

Филипче повторно ја спомена и, како што рече, поврзаноста со Србија.

Како е можно во рок од само еден час по изјавата на Вучиќ во Србија, Мицкоски да ги споменува изборите? Што е тоа – коинциденција или тоа што го зборуваме повеќе од еден месец?, праша тој.

Тој оцени дека меѓународните случувања дополнително ја забрзале ситуацијата.

Акцијата на Соединетите Американски Држави и Законот за Западен Балкан, каде фокус е борбата против криминалот и корупцијата, ги забрзаа работите. Постојат најави за црни листи и санкции за политичари од целиот регион, изјави Филипче.

Во завршницата, тој потсети на, како што рече, кампањата на напади и дезинформации против него и СДСМ.

До вчера ме обвинуваа секој ден, бараа да си заминам од СДСМ, измислуваа приказни за Дубаи, Харис Џиновиќ, Сент Мориц, лажни вести и навреди. И сега – средба? Па дали мислат дека и јас и СДСМ сме наивни?, рече Филипче.

Тој ја повтори својата позиција со јасна порака:

Средба нема. Техничката влада останува, заврши Венко Филипче.

 

прес СДСМ Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.