Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Владата има анти-европска агенда

0
By Zoran Ivanov on April 28, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 28, 2026 19:52

Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ веќе две години работи на анти-европска агенда и нема никаква намера да ја придвижи државата кон Европската унија, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Алсат М Телевизија.

Тоа не е ново, тоа е нешто што во континуитет оваа влада го прави две години, а тоа е да работи на анти-европската агенда. Јасен е патот напред. Јасно е што треба да се случи, од сите европски институции е јасно кажано. Треба да се случат уставните измени, кои не се никаков ризик по ниту една идентитетска одредница, да се вметнат малцинствата и натаму да почнат преговорите и отворањето на поглавјата, рече Филипче.

Тој оцени дека Владата не работи ниту на реформската агенда, ниту на законските измени кои треба да го зајакнат системот и да ја приближат државата до европските стандарди.

Ништо нема да се смени поради тоа што со сè што сега се случува, вклучувајќи го и неработењето на реформската агенда, која значи изменување на закони и нивно адаптирање на европските критериуми, со што нашиот систем, нашата држава ќе зајакнува, оваа влада не работи ниту има намера нешто да смени, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ потенцираше дека владата работи за руските интереси на Балканот.

Да ве потсетам и во контекст на антиевропското однесување на владата и во еден од претходните извештаи од европскиот парламент, јасно стоеше до знаење прво дека кредитот којшто е земен од милијарда евра од Унгарија се кинески пари и тоа чисто кинеско и руско влијание во нашата Земја преку Унгарија додаде Филипче.

Претседателот на СДСМ посочи дека европскиот пат е единствениот начин државата да се развива и да ги отвори европските фондови.

Кога ние ќе го исполниме тоа што Европа го бара од нас, да се направат уставните измени и да се отвори работата по поглавјата, ќе ни се отвораат европските фондови. Ќе има структурни фондови кои ќе ни овозможат да ја зајакнуваме инфраструктурата, автопатишта, пруги, болници, училишта, градинки, по примерот на другите наши околни земји кои влегоа во Европа изминатите години. Како зајакнаа сите земји од источниот блок изминатите децении? Само со тоа што се приклучија кон Европската унија. Тоа е единствениот начин да зајакне државата и да се надградува , додаде претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

 

анти Влада ЕУ Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.