Mакедонскиот филм „ХОМО“ со овој договор, станува достапен за гледачите во САД, на сите нивни канали, преку директен сателитски пренос и преку интернет протокол за ТВ (IPTV).

Скопје Филм Студио”, продукциска куќа на долгометражниот филм „ХОМО“ во режија на Игор Иванов Изи, склучи договор со  „Јавната медиумска групација на Јужна Калифорнија“ од САД, за дистрибуција на филмот на американскиот пазар.
Со овој договорот, Групацијата се здобива со лиценца за прикажување на филмот на повеќе канали и медиуми.

Од продуциската куќа „Скопје Филм Студио“ соопштија дека овој чекор е голем успех но и показател за континуираната и посветена работа за третманот на продуцираните македонски филмови во форма на емитување и прикажување, не само на македонскиот, туку и на пазарите во Европа и пошироко.

– По серија учества на голем број реномирани филмски фестивали, „ХОМО“ својот филмски пат го продолжува на светскиот пазар и продолжува да е вистински амбасадор на македонската кинематографија, континуирано давајќи придонес и промовирајќи го македонскиот филм во меѓународни рамки, соопштуваат од продуциската куќа.

Mакедонскиот филм „ХОМО“ со овој договор, станува достапен за гледачите во САД, на сите нивни канали, преку директен сателитски пренос и преку интернет протокол за ТВ (IPTV).