Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Физичкото дистанцирање да не го попречи социјалното дружење

0
By Нова ТВ on April 11, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Физичкото дистанцирање не треба да го попречи социјалното дружење, а квалитетното време во оваа ситуација да го искористиме за меѓусебна поддршка и охрабрување. Ваква порака испратија стручните лица кои учествуваа на синоќешната информативна видеосесија во организација на Владата за психолошка поддршка за граѓаните што произлегува од мерките за спречување на ширењето на ковид-19.

„Грижата за психичкото здравје е исто толку важна како и грижата за физичкото здравје во услови на пандемија со коронавирус“, истакнаа психологот Иво Куновски и Маријана Станковиќ, специјалист по медицинска психологија и когнитивно бихевиорален консултант, кои се дел од тимот на Клиниката за психијатрија.

Станковиќ, специјалист по медицинска психологија и когнитивно бихевиорален консултант, истакна дека стравот, вознемиреноста и напнатоста се разбирливи од стравот од непознатото и оти одговорот на оваа ситуација може да биде дневна доза за оптимизам, разговори, како и да се користат интернетот и другите медиумски извори каде што можат да се најдат содржини, како и содржини кои нудат одредени едукативни содржини на кои граѓаните можат да им се посветат во периодите на изолација.

Стручните лица од Клиниката за психијатрија, кои работат на поддршката на граѓаните, потенцираат дека физичката изолација не треба да се идентификува со социјалното дистанцирање и оти и во оваа ситуација треба да се пронајдат креативни и практични решенија за дружење и за лесни физички активности во моментите кога воведените мерки го дозволуваат тоа, или за време на забраната за движење кога социјалното дружење може и треба да се остварува преку интернет и социјалните мрежи.

Во текот на информативната видеосесија беше нагласено дека од оваа ситуација треба да се изведат позитивните придобивки како што е поголемото квалитетно време кое во оваа ситуација им се отвори како можност на членовите на семејствата кое треба да се искористи за меѓусебна поддршка и охрабрување кое како резултати може да ги зацврсти врските и довербата.

За време на видеосесијата беа посочени телефонските броеви, и другите канали за комуникација за психолошка поддршка, што Министерството за здравство во соработка со Клиниката за психијатрија ги отворија за бесплатна психолошка помош и тоа за различни структури и групи на граѓани.

На телефонските броеви одговараат стручни лица, психијатри од Клиниката за психијатрија.

На 078/378-766 може да се јавуваат трудници и родилки на кои им е потребна психолошка поддршка за што може да се советуваат во периодот од 9 до 16 часот;

На бројот 072/919-009 лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот можат да се советуваат во периодот од 9 до 16 часот, како и преку апликацијата „Viber“;

На бројот 070/291-657 е овозможена психолошка поддршка за лица во самоизолација на албански јазик во периодот од 9 до 16 часот.

Функционираат и останатите телефонски броеви за психолошка поддршка, како бројот 072/912-676 за родители на деца на предучилишна возраст и училишна возраст.

Возрасните лица, кои се во самоизолација, можат да се јавуваат за психолошка поддршка на 072/919-009.

Бројот 078/378-728 е определен за тинејџерите и нивните родители, а бројот 070/291-574 за родители на деца со попреченост.

Видеосесија Влада Вонредни услови граѓани Коронавирус Пандемија Психолошка поддршка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.