Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Флорида: Семејството на починатиот старец со тужба против В. Вилијамс

0
By Нова ТВ on July 1, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Венус Вилијамс ќе влезе во јубилејното 20. учество на Вимблдон со приватна тужба во САД. Американската тенисерка се товари за предизвикување на сообраќајна несреќа со смртни последици на Флорида. Настанот се случил на почетокот на јуни и долго време беше држен далеку од очите на јавноста. Полицијата три недели водеше истрага и на крајот ја прогласи за виновна сопственичката на 23 гренслем титули (7 во поединечна конкуренција, 14 во женски двојки и две во мешани двојки).

И покрај најавите на нејзиниот адвокатски тим дека ќе нема судска разврска, сепак, семејстото на 78 годишниот Жером Берсон реши да ја гони повозрасната од сестрите Вилијамс. Очевидци на несреќата тврдат дека тенисерката влегла во раскрсницата на црвено и се судри во автомобил со брачна двојка пензионери. Мажот, инаку совозач во моментот на судирот, се здоби со скршеница на ‘рбетниот столб и внатрешно крварење, повреди на кои им подлегна по две недели во болница.

Според извештајот, возилото со кое управувала сопругата на сега починатиот Жером Берсон, Линда се удрила во џипот на Венус Вилијамс. Притоа се здобила со лесни телесни повреди, а 37 годишната тенисерката, која не била под никакво дејство, минала без гребнатинка.

Линда Берсон пред инспекторите рекла дека имала зелено светло додека се приближувала до раскрсницата и не можела да реагира на време. И Венус истакна дека во раскрсницата влегла со зелено светло, но и дека морала да запре на средина поради автомобил пред неа без да забележи дека е во правец на движење на автомобилот на Берсонови од страничната позиција.

Венус Вилијамс САД сообраќајна несреќа тужба Флорида
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.