Десетици полицајци кои непрофесионално си ја извршиле работата на 27 април, кога се случи „крвавиот четврток“ во Собранието, добиле откази, неофицијално дознава „Фокус“ од добро упатени извори.
Во очекување на официјална потврда на информацијата од МВР, Фокус објавува дека решенијата за отказ биле потпишани во петокот, а денеска полицајците почнале да ги подигаат.
Според неофицијални информации отказ добил целиот кордон полицајци кои биле пред Собранието и уште неколку други и тоа за наводно непревземање мерки во момент на извршување на кривично дело.
На брифинг минатата недела, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека засега суспендирани се 42 полицајци, а против 70 се водат дисциплински постапки.