Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фон дер Лајен категорична: ЕУ мора да ги исполни ветувањата кон Скопје и Тирана

0
By НОВА ТВ Balaban on July 6, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, утрово ги презентира приоритетите на претседателството на неговата земја со ЕУ, меѓу кои е и Западниот Балкан, а претседателката на Европската Комисија се надева дека за овие шест месеци ќе бидат отворени преговорите со Северна Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Јанша утрово се обрати пред европратениците како што е обичај при секој почеток на ново претседателство со ЕУ. Тој порача дека Западниот Балкан е многу важен регион за ЕУ, поради што Љубљана ќе организира лидерска средба помеѓу ЕУ и регионот во октомври во Словенија.

За Словенија проширувањето е логичниот одговор на геостратешките предизвици со кои се соочува Европската Унија, и перспективата кон Западниот Балкан, но и кон земјите од Источното Партнерство како Украина, треба да заживее повторно.

– Оваа перспектива треба да биде опиплива за да може сегашната генерација да верува дека ќе се исполни додека е жива, инаку не може да биде поттик, таа мора да биде извор на енергија и инспирација, рече Јанша, додавајќи дека тоа е и најдобар начин да се придобие поддршката на граѓаните и да се поттикнат реформите.

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, која зема збор веднаш по словенечкиот премиер, ја поздрави волјата на Словенија да го врати Западниот Балкан на дневен ред, меѓу другото, со организација на октомврискиот самит.

– Уверена сум дека самитот со Западен Балкан ќе испрати важен сигнал до засегнатите земји дека тие се суштински стратешки партнери за ЕУ и се надевам дека словенечкото претседателство ќе умее да даде зелено светло за процедурите со Северна Македонија и Албанија, ова е во наш личен интерес и е прашање на кредибилитет: во ЕУ дадено ветување мора да биде исполнето , рече фон дер Лајен.

Јанша од своја страна пред европратениците инсистираше на важноста на регионот како клучен дел од политика на ЕУ за спречување на „нелегална миграција” преку таканаречената балканска рута.

ветувања Европска комисија ЕУ Скопје Тирана Урсула фон дер Лајен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.