Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Форбс“: Роналдо со „најдебела“ сметка и со 215 милиони следбеници

0
By Нова ТВ on February 4, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 4, 2017 17:11

Ѕвездата на мадридски Реал и на репрезентацијата на Португалија, Кристијано Роналдо, според магазинот „Форбс“, е спортистот со најголема заработувачка во светот во 2016 година. На неговата сметка лани легнале 88 милиони евра што го прават само втор претставник од екипните спортови на врвот на листата од 1990 година. Во таква позиција во минатото се најде легендарниот американски кошаркар, Мајкл Џордан.

На второто место е Аргентинецот Лионел Меси кој од плати, бонуси, премии во Барселона и од реклами зарабти 81 милон евра. Зад двајцата фудбалери е Леброн Џејмс, кошаркар на Кливленд, со 77 милиони долари, а топ 5 го заокружуваат швајцарскиот тенисер Роџер Федерер со 67,8 милиони долари и Кевин Дурент, играч Голден Стејт во НБА лигата, со 56,2 милиони долари.

Меѓу 100-те најбогати на листата според заработувачка се само две жени, двете тенисерки. Американката Серена Вилијамс е на 40 позиција со 28,9 милиони долари, Русинката Марија Шарапова е 88. со 21,9 милиони долари.

Најголем број меѓу 100-те најбогати спортисти се играчи на бејзбол (26), а по нив следуваат играчите во американски фудбал (21), кошаркари има 18, фудбалери 12.

Роналдо е водечки спортист во светот и на социјалните мрежи. На Фејсбук, Твитер и Инстаграм тој има 215 милиони следбеници пред клупските колеги од Барселона, Меси со 131 милион и Нејмар со 129 милиони.

Листа на спортисти со најголема заработувачка во 2016 година

Кристијано Роналдо (Португалија/фудбал) – 88 милиони долари

Лионел Меси (Аргентина/фудбал) – 81

Леброн Џејмс (САД/кошарка) – 77

Роџер Федерер (Швајцарија/тенис) – 67,8

Кевин Дурент (САД/кошарка) – 56,2

Новак Ѓоковиќ (Србија/тенис) – 55,8

Кем Њутон (САД/американски фудбал) – 53,1

Фил Микелсон (САД/голф) – 52,9

Џордан Спит (САД/голф) – 52,8

Коби Брајант (САД/кошарка) – 50, итн.

листа пари Спортисти Форбс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.