Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Формирана нова фирма во семејството „МПМ“, штрајкот продолжува

0
By Нова ТВ on February 27, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нова фирма за новинско издавачка дејност „Медиа принт ДООЕЛ“ е отворена денеска во Централниот регистер. Сопственик и управител на фирмата е Александар Динев, вработен во компанијата „Медиа Принт Македонија“. Приоритетна дејност на оваа новоотворена компанија е печатење весници, а се отвора со влог од 5.000 евра.

Продолжуваат промените во сопственичката структура во МПМ. Од компанијата најпрвин се повлекоа и ги продадоа своите удели бизнисменот Јордан Камчев и поранешната директорка на МПМ, Јана Станисављева. Срѓан Керим остана сам во компанијата, како сопственик и управител.

А, од денеска во „семејството МПМ“ влегува уште една нова фирма „Медиа принт ДООЕЛ“.

Овие промени почнаа да се случуваат во време кога вработените во „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“ стапија во штрајк поради неисплатени плати и хонорари. Тие денеска соопштија дека штрајкот продолжува, а од петок размислуваат и за радикализација, бидејќи нема никаква најава за исполнување на нивните барања – исплата на јануарската плата и увид во финансиката состојба на МПМ.

Во саботата синдикални претставници од трите дневни весници имале средба со Срѓан Керим, кој барал штрајкот да се стави во мирување, а во меѓувреме менаџментот да бара начини за надминување на финансиската криза. Но, на денешниот состанок на кој синдикалните претставници им ги пренеле пораките од средбата со Керим на сите вработени, тие одлучиле штрајкот да не се прекинува, туку доколку до петок не им се исполнат барањата, да преминат во друга порадикална фаза.

Александар Динев МПМ новинари Срѓан Керим штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.