Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Формирано ново здружение „Сѐ за рак“

0
By Marija Todorovska on February 2, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 2, 2024 09:56

Формирано е ново здружение – „Сѐ за рак“ за едукација, превенција и поддршка на пациентите во нашата држава.

– Македонија е ретка земја која изминатиот период се соочува со низа неправилности во поддршката и лекувањето на пациентите болни од рак. Со цел правилно информирање и рамноправна поддршка на сите пациенти болни од рак, во изминатиот период е започната иницијатива за формирање на здружение, чија основна задача, како и цел е да пружи точни и вистински информации за пациентите болни од рак и нивната поддршка во достапноста на терапии и третмани за лекување на ракот, се наведува во соопштението на здружението.

Иницијативата, како што се додава, резултирала со формирање на Асоцијација и платформа за едукација и превенција од рак и поддршка на пациенти болни од рак, која во текот на вчерашниот ден официјално се регистрирала и запишала во Централниот регистар во Скопје.

– Иницијативата и асоцијацијата имаат за цел да одговорат на предизвиците и потребите со кои се соочуваат пациентите со рак и да ја промовира свеста и стратегиите за едукација и превенција од рак. Асоцијацијата и платформата „Сѐ за рак“  ќе ја води Здравко Јосифовски, поранешен претседател на НУК – Независната угостителска комора, кој веќе шест месеци се бори со рак на грло, поточно рак на јазик, кој воедно сочувствува и носи лично разбирање за предизвиците со што се соочуваат сите пациенти болни од рак, појаснуваат од здружението.

Примарните цели и активности на Асоцијацијата и платформата, како што се додава, вклучуваат промоција и едукација за нега, помош и поддршка на пациенти болни од рак, информирање и промовирање за едукација и превенција од рак, создавање единствена онлајн-платформа за објава и дистрибуција на сите информации на едно место, поврзани со едукација и превенција на рак, како и информации за терапии и поддршка на пациенти болни од рак.

– Светскиот ден за борба против ракот, организиран од UICC глобално се одбележува секој 4 февруари и оваа година ја одбележува својата трета и последна година од кампањата „Затворете го јазот на нега“. Оваа иницијатива обединува милиони луѓе годишно со цел да ја зголеми свеста и знаењето за ризиците од ракот, како и активности за подобра превенција, откривање и негово лекување. Во пресрет на претстојниот Светски ден за борба против ракот, на 4 февруари од 11 часот, ги покануваме поединците заинтересирани за превенција и едукација од рак, како и оние кои моментално се борат со ракот, да ни се приклучат во одбележување на истиот во угостителскиот објект „Д хаус“ во Скопје, Стив Наумов 102Д. Целта на настанот е да дадеме наш допринос и заеднички да ја поддржиме глобалната кампања предводена од Унијата за меѓународна контрола на ракот (UICC), приклучувајќи се кон упатувањето на порака до нашата Влада и до владите ширум светот, да ги решат нееднаквостите во пристапот до квалитетни услуги на потребите на пациентите болни од рак, се додава во соопштението.

здружение превенција на рак Се за рак Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.