Себастијан Фетел го оствари најдобриот резултат во квалификациите на Хунгароринг и ќе стартува од пол-позицијата во утрешната трка за ГН на Унгарија.

Пилотот на Ферари извозе најбрз круг со време 1:16,276 минути за 48 пол-позиција во кариерата. Друштво во првиот ред ќе има во тимскиот колега Кими Раиконен кој беше побавен за 0,168 секунди.

Зад нив ќе тргне двоецот на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон.

Трката за ГН на Унгарија ќе се вози утре попладне од 14 часот.