Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Фото) Кањонинг – нова адреналинска активност за домашни и странски туристи

0
By Sashko on July 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 23, 2021 16:34

Скокање од карпи, качување, спуштање, лизгање, пливање, уживање во природно џакузи, многу смеење, уште повеќе возбуда и адреналин. Вака накусо би се опишала четиричасовната авантура што ја организираат ентузијастите од Mountain Solution – Tours Macedonia на реката Градешка во Мариово.

Новата атракција т.н. Кањонинг која се реализира веќе трета сезона, е достапна и за домашните и за странските туристи. Кањонингот подразбира пешачење низ речна клисура (кањон) и совладување на сите попатни природни препреки – водопади, каскади, природни базени (вирови). Притоа, може да се користат различни вештини на движење и техники на качување и спуштање. Се нуди во организирани групи, со водич, по сите меѓународни стандарди и прописи за безбедност и сигурност.

Како што велат од Mountain Solution, сезоната трае од мај до октомври. Кањонингот е погоден за поединци, парови, поголеми групи и семејства.

– Кањонинг по дефиниција е рекреација на отворено – спуштање по речна клисура (кањон). За разлика од другите спортови како рафтинг или кајак, се изведува пеш, без употреба на кану или гумен чамец, во комбинација од суви и водни патишта. Опфаќа спуштање со јаже, пешачење по експониран терен или воден тек, протнување низ тесни процепи, скокање во вода и пливање. Кањонингот е всушност комбинација од повеќе активности: искачување, одење по река, скокање од една карпа до друга, минување низ брзаци, вели Петар Нолев од Mountain Solution.

Според него, ова е водна активност за која не е потребно искуство. Единствено потребни се основи во пливање и афинитет кон адреналинска авантура. Облечени во неопренски водоотпорни одела, со појаси за тело, заштитни шлемови, јажиња, карабинери и друга техничка опрема, учесниците на денешната тура имаа можност и лично да го доживеат ова неповторливо искуство. Почетната точка беше селото Зовиќ по што следуваа три до четири часа пешачење со „егзибиции“ низ кањонот на реката Градешка. Авантурата на крај е заокружена со гастрономско уживање во етно куќата „Кај мостот“.

За поголема безбедност на севкупната понуда, дел од опремата е обезбедена со поддршка на Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ).

Адреналин Кањонинг Македонија Природа туризам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.