Во еден малку поинаков свет, на плажите во Рио де Жанеиро живее кралот Марсио Матолиас во замок кој самиот го изградил од песок.

Уметникот Матолиас живее во замок изработен од песок веќе 22 години.

„Ако овој пропадне, ќе направам нов, ако падне и тој, до него ќе направам уште еден. Го сакам овој краткрочен животен стил, бидејќи не се опседнувам со работи како што луѓето сакаат се да е нивно“, вели тој.

Иако внатре воопшто не наликува на скапоцен дом, тој вели, има се што му е потребно.

„Кога врне многу не сум најсреќниот. Некој што е во стан му е убаво но мислам дека постои некаков баланс. Но јас сум го одбрал ова. Уживам да бидам скулптор на плажата“, потенцира Матолиас, кој својот замок го споредува со делата на Гауди.

Овој скромен Бразилец, пари има само од донации од посетителите.