Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФОТО: Напад со хемиско оружје во Сирија, ОН бараат осуда и санкции

1
By Нова ТВ on April 5, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

САД, Велика Британија и Франција презентираа синоќа драфт Резолуција во Обединетите Нации со која се осудува нападот со хемиско оружје во Сирија и бараат итна и брза истрага.

Агенцијата АФП, која го видела нацртот на Резолуцијата, пишува дека трите земји бараат од Организацијата за забрана на хемиско оружје итно да излезе до заклучок за овој напад.
Трите земји најавија дека денес ќе побараат оваа Резолуција да биде изгласана на сесијата на ОН во Њујорк. Но, Русија досега не го кажа својот став по ова прашање.

Целта на истрагата е да се утврди кој е креатор на овој напад со хемиско оружје, а нацртот на Резолуцијата бара од Сирија да ги покаже сите планови на нејзините воени авиони и воени операции во текот на нападот. Текстот на нацрт Резолуцијата има заканува за воведување на санкции според поглавието 7 на Повелбата на ОН.

Во февруари, претходното барањето за санкции врз Сирија беше блокирано од Кина и Русија. Дамас беше обвинет дека во 2014 година и 2015 година извршил исто така хемиски напад врз сириските села.

Сириската армија вчера демантираше било каков напад со хемиско оружје како и секогаш досега од почетокот на војната во 2011 година.

Според британскиот амбасадор во ОН Метју Рејкрофт, станува збор за воено злостроство и побара од Русија и Кина да не ставаат вето и “да не го бранат неодбранливото”.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон предупреди дека претседателот Асад мора да каже што точно се случило, а францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека “сирискиот режим повторно ќе ја негира својата одговорност во овој масакр”.

Видео снимките на сириската опозиција покажуваа ужасни слики на страдањата на жртвите, мртви тела по улиците и лица во грчеви и пена на устата кои се борат за воздух.

Во нападот загинале најмалку 65 лица, а голем дел од нив се жени и деца.

напад со хемиско оружје ОН резолуција Сирија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.