Прилозите и текстовите на една иста тема во провладините медиуми се речиси идентични. Од збор до збор речениците се исти, со истата поента, а и тонските парчиња од соговорниците од почеток до крај се исти кај повеќе од 10-тина медиуми.  Се чини неможно уредниците и новинарите исто да размислуваат, исто да пишуваатт, од 30 минутен материјал да го издвојуваат секогаш истото тонско парче од 30-тина секунди.

НОВАТВ дојде до еден е-маил испратен од најблиските соработници на екс прмеиерот Никола Груевски до една национална телевизија, која важи за поддржувач на политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Во тој допис точно до детали се дадени инструкции што треба да се наведе во прилогот, од истиот извор пратено е и тонското  парче од Груевски, како и „случајна анкета“ од граѓанин кој ја фали Владата.

13446344_10154172261773617_1419707719_o

Проверивме за кој настан станува збор во е-маилот и се работи за пуштање во употреба на локален пат во општина Долнени лани на 14 август. Сите медиуми имаат речиси идентичен текст, затоа што сите најверојатно се раководеле од „нарачката“ стигната од штабот на владејачката партија.

 

 

НОВАТВ пред три дена објави краток документарен филмко за тоа кој стои во контролната соба зад медиумската машинерија на власта и зад организираниот медиумски етички криминал. Во неа зборуваат уредници, новинари, но има и сведоштво од новинар кој сеуште е вработен во една од националните телевизии каде секојдневно стигнуваат десетици нарачани прилози во кои се фали работата на Владата, ВМРО-ДПМНЕ, особено се истакнува улогата на Никола Груевски, а и „специјалки“ во кои се оцрнуваат неистомислениците и се критикува опозицијата.

https://www.youtube.com/watch?v=ikJL1X8hQXE

Во продолжение ги објавуваме сите прилози и текстови за настанот од 14 август минатата година, во кој се известува за „експресно“ исполнетото ветување на Груевски.

kurir netpres alfa republika site denesen