Резултатите од референдумот против отворање рудници на територијата на општина Гевгелија, имаат правна основа и се обврзувачки за локалната самоуправа, изјави на денешната прес-конференција градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов
Франгов потенцираше дека тие заклучоци во кои се вели дека резултатите од референдумот се доставуваат до Министерството за економија и дека за нив се изјаснува Владата се однесуваат само за оние општини каде веќе се издадени концесии за експлоатација како на пример во општина Валандово.
„Ситуацијата со референдумот во Гевгелија е поинаква затоа што се одржа пред да добиеме барање за давање милење за доделување концесија врз база на кое Министерството за економија ќе издадеше дозвола за експлоатација на минерални суровини“, рече Франгов.
Тој додаде дека од овие причини резултатот од референдумот во Гевгелија е обврзувачки за локалната самоуправа и кога општината би добила такво барање таа изричито би одговорила негативно, односно според искажаната волја на жителите на општина Гевгелија