Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Франкфуртер Алгемајне Цајтунг: Која е целта на Русија во Македонија

0
By Нова ТВ on September 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 19, 2018 08:35

Ако на претстојниот референдум Македонците го отфрлат постигнатиот компромис за спорот за името, нивното влегување во ЕУ и во НАТО ќе биде блокирано за подолг период. Тоа е она што Москва го сака, и затоа очигледно се меша во Македонија, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

– Русија нема особено да се вознемири од предупредувањето на американскиот министер за одбрана Џејмс Матис да не се меша во Македонија. Бидејќи за Москва залогот во оваа земја е многу голем: ако на референдумот на крајот од овој месец тамошните граѓани го отфрлат постигнатиот договор со Грција за името, натамошното приближување на Македонија кон НАТО и ЕУ ќе биде блокирано за долг период, неведува ФАЦ во анализата за состојбата во Македонија во пресрет на рефрендумот на 30 септември, пренесува МИА.

Весникот оценува дека по пропаднатите напори на Москва да ја спречи Црна Гора, евентуалното отфрлање на договорот за името на претстојниот референдум во Македонија, ќе значи успех за руските планови – да се спречи натамошното проширување на НАТО на Балканот.

– А Москва ќе продолжи во истиот дух – како до пред промената на власта во Скопје минатата година кога ја поддржуваше тогашната авторитарно-националистичката власт во Македонија, која подгрева антизападни расположенија и ја доведе земјата до изолација. Затоа е важно активностите на Москва во Македонија да бидат именувани со нивните вистински имиња. Но, уште поважно е тоа што водечки политичари од ЕУ, вклучувајќи ја и канцеларката Меркел, го направија во последните недели при посетата во Македонија: се обидоа да ги отворат очите на македонските граѓани за големата корист која ќе имаат од решавањето на спорот за името, наведува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

референдум Русија САД ФАЦ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.