Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Франција почна клинички тестови против Ковид-19 со хлорокин или хлорокинин

0
By Нова ТВ on March 22, 2020 СВЕТ
Фото: gomet.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Франција почна европско клиничко испитување за проценка на четири експериментални третмани за борба против коронавирусот, соопшти денеска Националниот институт за здравство и медицински истражувања (Инсерм). Проектот е наречен „Дискавери“ и во него има хлорокин или хлорокинин, што е третман против маларија, со кој се добиени ветувачки резултати во борбата против Ковид-19 за време на студијата спроведена врз помал број на пациенти во Марсеј.

Тестирањето го реализира професорот Раулт, директор на Болничкиот универзитетски институт „Медитеран Инфекција“ во Марсеј. За шест дена, професорот инјектирал дваесетина пациенти со коронавирус со доза од 600 мг. дневно на Плакенил (името на лекот што се продава на молекула добиено од хлорокин).

„Спектакуларно е. Просечното оптоварување на вирусот се нормализира за 20 дена. Пациентите кои не го добиле Плакенил, по шест дена сè уште носат 90 отсто од вирусот, додека оние кои добиле третманот се 25 отсто позитивни“, објасни докторот Раулт кој заедно со хлорокинот користел и третаман со азитромицин, за да се избегнат секундарни бактериски инфекции.

Покрај во Марсеј, Франција, слични студии биле спроведени и во Кина, во Иран, во Јужна Кореја и во Саудиска Арабија.

„Клиничкото тестирање што ќе почне „има за цел да ја анализира ефикасноста и толеранцијата на терапевтски опции за пациенти во ограничено време“, објаснува Инсерм во соопштението за печатот.

Покрај хлорокин, со тестот се оценува и ремдесивир, лопинавир во комбинација со ритонавир, додека последниот третман е или не е комбиниран со интерферон бета. Во францускиот дел на тестовите, ќе бидат вклучени најмалку 800 пациенти со тешки форми на коронавирус. Вкупно ќе бидат опфатени 3.200 пациенти во Европа, поточно во Белгија, Холандија, Луксембург, Велика Британија, Германија и Шпанија.

Добиените податоци ќе бидат споделени со уште едно меѓународно тестирање под името „Солидарност“, што ќе се спроведе под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО).

Клиничкото тестирање доаѓа кога се повеќе и повеќе се бара хлорокинот да се користи за борба против коронавирусот. Министерот за здравство на Франција повика на претпазливост, потсетувајќи дека надежите побудени од некои третмани понекогаш биле разочарувачки.

„Ако овој третман е ефикасен, ние ќе им го понудиме на Французите без одлагање“, рече Оливие Веран на ЛЦИ, додавајќи дека неколку пациенти третирани во француските болници експериментирале со тоа.

Според него, во рок од 15 дена треба да има консолидирани податоци за резултатите од тестирањето.

Коронавирус лек тестови Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.