Уште не започнало Европското првенство во фудбал кое вечерва стартува во Франција, соседите кои доаѓаат преку каналот Ла Манш почнаа со нереди.

Како што известуваат француските медими, нивната полиција употребила солзавец за да растера помала група англиски навивачи кои учествувале во тепачка во Марсеј.

Полицијата уапсила двајца, едниот Англичанец, приведен поради напад на шанкер во бар, другиот Французин, за нарушување на јавниот ред мир.

Друг фан на Англија е повреден во главата по удар со дрвен стол. Нередите се случувале пред паб во англиски дистрикт во Марсеј, пред утрешниот натпревар помеѓу Англија и Русија.

Според некои медиуми пак, тепачката започнала поради извиците на Англичаните „ИСИС каде сте?“, во градот каде што 1/3 од населението се од исламска вероисповест.

Европското фудбалско првенство започнува вечерва со официјална церемонија во 20 часот, и првиот натпревар во Париз, во 21 часот, помеѓу домашната селекција на Франција и Романија.

-