Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФРОДЕМ:Да се изберат нови делегати за вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

0
By Нова ТВ on December 10, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението Фронт за демократска Македонија (ФРОДЕМ) пред денешната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ги повика членовите на разумно и статутарно постапување. Од  ФРОДЕМ велат дека набрзина закажаниот и нестатутарно одреден предлог-термин за вонреден конгрес е во прилог на криминализираните структури и непријателите на партијата.

Додаваат и дека желбата да се одржи брз вонреден конгрес замислен според теркот на досегашното раководство во заминување, уште еднаш ќе покаже дека партијата сѐ уште нема сили да се оттргне од прегратките на фамилијата.

„Со оставката на Груевски во оставка е и Извршниот комитет кој веќе нема право донесува никакви одлуки, па затоа ЦК треба да донесе одлука за одржување на вонреден конгрес на партијата согласно одредбите од Статутот (кој ќе се одржи во рок од 60 дена од донесувањето на одлуката). ЦК да усвои критериуми за демократски избор на делегати на вонредниот конгрес и да го утврди максималниот број на делегати, а по усвојување на одлуката за вонреден конгрес и усвојувањето на критериумите за избор и број на делегати, да се избере заедничко координативно тело составено од досегашни членови на ЦК и ИК кои не се осомничени и обвинети по ниту еден основ и од претставници на внатре партиските групации и асоцијации. До одржување на конгресот со партијата да раководи новоизбраното координативно тело кое ќе изготви нацрт измени и дополнувања на Статутот и ќе овозможи општинските и месните комитети на партијата демократски да изберат делегати за конгресот на кој ќе се избере нов лидер на партијата и новите органи и тела“, се некои од предлозите на ФРОДЕМ.

Од таму додаваат и дека до изборот на новото партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ, координативното тело треба да даде максимална заштита и поддршка на сите обвинети и осомничени партиски членови, да се залага да се почитува презумпцијата на невиност, да бара правично и фер судење на сите обвинети како и спречување на селективната правда.

вонреден конгрес лидер партија ФРОДЕМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.