Денис Терентјев е брутално претепан вчеравечер во Санкт Петербург. Веста ја објавија руските медиуми по што се објавија и слики од несреќниот фудбалер на Зенит кој во четвртокот настапи против Вардар на домашен терен во петтото коло во Лига Европа.

Дефанзивецот во ростерот на Роберто Манчини се здобил со повреди на главата при нападот од, засега, непознато машко лице. Како причина за инцидентот се шпекулира дека се случил за паркинг место.

Фото: twitter

Сопругата на Терентјев преку социјалните мрежи порача дека фудбалерот е добро, но притоа побара помош од сведоци за идентификување на напаѓачот.

Терентјев има 25 година. Игра на позицијата десен бек. Од оваа година е член на Зенит на кој му пристапи од Ростов. За тимот од Санкт Петербург забележа четири настапи во руската Премиерлига во оваа сезона.