Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал: Куп трофеи за утеха на Барселона, Борусија Д., ПСЖ и Арсенал

0
By Нова ТВ on May 28, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Барселона, Борусија Дортмунд, ПСЖ и Арсенал со утешни трофеи на крај на сезоната. По неуспешните мисии за шампионски титули во Примера, во Бундеслигата, во Лига 1 и во Премиерлигата, четирите клуба се победници во националните купови на Шпанија, на Германија, на Франција и на Англија.

Луис Енрике заминува од „Камп Ноу“ со пехар во „Копа Дел Реј“ по триумфот на Барселона против Алавес со 3:1. Сите четири гола на „Висенте Калдерон“ во Мадрид беа постигнати во последните третина од првото полувреме. Серијата во финалето ја отвори Лионел Меси по пола час игра, а три минути по него израмни Ернандез. Фаворизираните Каталонци погодија уште двапати до паузата преку Нејмар во 45 минута и Пако во третата од судиското надополнување за печат на 29. трофеј во натпреварувањето.

Борусија Д. се радуваше на Олимпискиот стадион во Берлин по победата во финалето на германскиот Куп против Ајнтрахт со 2:1. Дембеле во осмата минута и Обамејанг во 67. од пенал реализира за „милионерите“, Ребиќ во 29 минута го потпиша единствениот за тимот од Франкфурт. За „жолто-црните“ од Дортмунд ова е четврта титула во натпреварувањето, прва воопшто по 2012 година во која ја освоија двојната круна.

ПСЖ, пак, по 11 пат во клупската историја го понесе трофејот во Купот на Франција. „Светците“ во големото финале на „Стад де Франс“ го поразија Анжер со 1:0 со автогол на Сенегалецот Иса Сисоко во првата минута од екстра времето во натпреварот.

И, конечно, Арсенал спречи двојна круна за Челзи во англискиот фудбал во оваа сезона. „Топчиите“ на „Вембли“ го поразија Челзи со 2:1 и по рекорден 13 пат го освоија ФА купот. Алексис Санчез во четвртата минута и Арон Рамси во 79. „стрелаа“ за составот на Арсен Венгер, Диего Коста го постигна единствениот за лондонските „сини“ на Антонио Конте кои од 68. играа со играч помалку по исклучувањето на Мозес.

Финале, Куп на Шпанија: Барселона – Алавес 3:1

Финале, Куп на Германија: Борусија Д. – Ајнтрахт Ф. 2:1

Финале, Куп на Франција: ПСЖ – Анжер 1:0

Финале, ФА Куп: Арсенал – Челзи 2:1

Арсенал Барселона Борусија Д. Купови ПСЖ фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.