Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал, квалификации за СП 2018: Седумка на Германија и три хет-трика

0
By Нова ТВ on June 11, 2017 СПОРТ
Фото: dfb.de
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Седум гола на Германија, три хет-трика и „битка за Британија“ без победник ги одбележаа деветте саботни дуели во квалификациите за Светското фудбалско првенство во Русија. „Панцирите“ во Нирнберг ја наполнија мрежата на Сан Марино (7:0) во натпревар во кој селекторот Јоаким Лев изведе почетен состав со играчи од 11 различни клуба. Сандро Вагнер од Хофенхајм трипати ја тресеше противничката мрежа (16′, 29′, 85′), по корнери погодуваа и Јунес (38′) и Мустафи (47′), меѓу стрелците се додадоа и Дракслер (11′) и Бранд (72′).

Вториот хет-трик беше дело на Роберт Левандовски во триумфот на Полска над Романија со 3:1. Напаѓачот на минхенски Баерн беше двапати сигурен од белата точка (29′, 62′) и еднаш од игра (57′) по корнерот на Зиелински за, негови, вкупно 11 гола во циклусот колку што има и Кристијано Роналдо. Поразот на Романците го ублажи Богдан Станку во 77 минута.

Третиот троен стрелец го поздрави публиката во Подгорица каде Црна Гора ја совалда Ерменија со 4:1. Серијата голови на домашната селекција ја отвори Фатон Беќирај во втората минута по што продолжението мина во знакот на Стеван Јоветиќ. Фудбалерот на Севилја се надоврза во листата на стрелци во 28 минута, во 54. и во 82. за одржување чекор со Данска за второто место во групата Е. Двете селекции имаат по десет бода од шест меча, шест помалку од Полјаците на чело на табелата.

Шкотска и Англија одиграа 2:2 во островската пресметка во групата Ф. Сите четири погодоци беа постигнати во завршните 20 минути. Чембрлен обезбеди предност за „Гордиот албион“ во 70 минута, а Грифитс во 87 минута и во 90. направи пресврт и ги поведе Шкотланѓаните во судиското екстра време со гол повеќе од ривалот. Нивната прослава, сепак, ја расипа Хари Кејн кој во третата минута од продолжението погоди за спас на Англичаните од пораз на „Хемпден парк“ во Глазгов.

Квалификации за СП 2018 – зона УЕФА

Група Ц, 6 коло

Германија – Сан Марино 7:0

Норвешка – Чешка 1:1

Азербејџан – Северна Ирска 0:1

Табела: Германија 18, Северна Ирска 13, Чешка 9, Азербејџан 7, Норвешка 4, Сан Марино 0.

Идно коло (1 септември): Чешка – Германија, Сан Марино – Северна Ирска, Норвешка – Азербејџан.

Група Е, 6 коло

Црна Гора – Ерменија 4:1

Полска – Романија 3:1

Казахстан – Данска 1:3

Табела: Полска 16, Црна Гора 10, Данска 10, Романија 6, Ерменија 6, Казахстан 2.

Идно коло (1 септември): Данска – Полска, Казахстан – Црна Гора, Романија – Ерменија.

Група Ф, 6 коло

Литванија – Словачка 1:2

Шкотска – Англија 2:2

Словенија – Малта 2:0

Табела: Англија 14, Словачка 12, Словенија 11, Шкотска 8, Литванија 5, Малта 0.

Идно коло (1 септември): Малта – Англија, Словачка – Словенија, Литванија – Шкотска.

Германија квалификации за СП 2018 Роберт Левандовски Сандро Вагнер Стеван Јоветиќ фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.