Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал, ЛШ: „Петарда“ на Сити на „Етихад“, Атлетико го разби Баер

0
By Нова ТВ on February 21, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Два незаборавни меча донесе третата осминафинална вечер во фудбалската Лига на шампиони. Фудбалските претстави на „Етихад“ и на „Бај Арена“ понудија мноштво моменти за незаборав, возбудувања, резултатски пресврт и неколку ефектни реализации од вкупно 14. Манчестер сити го совлада Монако со 5:3, а Атлетико Мадрид беше подобар од Баер во Леверкузен со 4:2.

Неверојатен натпревар одиграа англискиот и францускиот тим на Островот во кој централна фигура беше Серхио Агуеро. Аргентинецот беше двоен стрелец (58′ и 71′) за екипата на Гвардиола и асистира до Сане во 82 минута за мирен реванш на „Луј Втори“. Останатите два за „граѓаните“ ги потпишаа Стерлинг во 26 минута и Стоунс во 77 минута.

Радамел Фалкао потврди дека се наоѓа во одлична форма. Колумбиецот двапати ја тресеше мрежата на Кабалеро (32′ и 61′), а можеше и до хет-трик доколку успееше да реализира од белата точка во 51 минута. Мбапе во 40 минута погоди за 1:2 за гостите на полувреме. Вечерашниот дуел е одлична најава за интересни, втори, 90 минути и во Монте Карло како и за резултатската отвореност на двомечот.

Атлетико Мадрид ги реши осминафиналните дилеми против Баер уште во Леверкузен. Шпанскиот состав го разби бундеслигашот со 4:2 правејќи ја формална возвратната средба на „Висенте Калдерон“. Нигез во 17 минута, Гризман во 25 минута, Гамеиро во 59 минута и Торес во 86 минута се погрижија за четврт-финалето да биде невозможна мисија за „фармацевтите“. Белараби во 48 минута и Савиќ со автогол во 68 минута ги постигнаа двата за германскиот претставник.

Лига на шампиони

Осминафинале

Манчестер сити – Монао 5:3

Баер Леверкузен – Атлетико Мадрид 2:4

Лига на шампиони Манчестер Сити Монако Радамел Фалкао Серхио Агуеро фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.