Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал: Олиќ објави крај на играчката кариера и почеток на тренерска

0
By Нова ТВ on June 24, 2017 СПОРТ
Фото: tz.de
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ивица Олиќ објави крај на фудбалската кариера. Хрватот лани се повлече на репрезентативен план, а сега и на клупски, но најави дека ќе остане дел од најважната споредна работа на светот како тренер.

„Подготвен сум да ги закажам копачките на ѕид. Заминувам со чиста совест. Среќен сум, се забавував, доживеав многу успеси и можам да кажам дека давав максимум од себе и на тренинзите и на натпреварите. За мене беше сон да играм на високо ниво толку долг период“, најави поранешниот хрватски репрезентативец во разговор за „Билд“.

Последната сезона ја одигра во дресот на Минхен 1860, клуб кој го загуби статусот и во популарната „Цвајте“ и се пресели во третата германска лига.

„Жалам што заминувам, а клубот испадна во трета лига. Го сакам овој клуб, традиционален е, но има доста проблеми во него веќе подолго време“, додаде хрватскиот напаѓач.

Кариерата ја започна во Марсонија во 1996 година. Настапуваше и за Динамо Згреб, за московска ЦСКА со која трипати беше првак на Русија, а во 2005 година го освои и Купот на УЕФА. Во Германија смени пет средини – од Херта, преку Хамбург, Баерн, Волфсбург и Минхен 1860. Но, неговата одлука за крај на активното играње не значи и целосно излегување од фудбалот.

„За нов почеток планирам да отпочнам процес за добивање на тренерска лиценца“, истакна Олиќ.

За репрезентацијата на Хрватска дебитира во 2002 година, а се повлече во март во 2016 година. За тоа време одигра 104 средби и постигна 20 гола.

Ивица Олиќ Кариера фудбал Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.