Лукас Подолски во голем стил ја заврши репрезентативната кариера. Напаѓачот на Галатасарај го постигна единствениот гол во триумфот на „панцерите“ против Англија во пријателскиот натпревар во Дортмунд. Во листата на стрелци се запиша во 69 минута со прекрасен гол од околу 25 метри по додавање на Андреас Ширле. Од игра беше повлечен во 84 минута пришто беше отпоздравен со громогласен аплауз и овации од трибините на „Сигнал Идуна Парк“.

https://www.youtube.com/watch?v=cqv1j-9aSYg

Погодокот против Англија беше 49. на Подолски во 130. репрезентативни настапи за Германија. Настапи на седум големи натпреварувања и беше дел од тимот што а освои шампионската титула на Светското првенство во Бразил во 2014 година.

Подолски дебитира за германскиот национален тим во 2004 година и се повлекува како трет стрелец. Повеќе голови од него имаат само Мирослав Клосе (71) и Герд Милер (68).

Пријателски средби

Германија – Англија 1:0

Шкотска – Канада 1:1

Чешка – Литванија 3:0

Кипар – Казахстан 3:1