Синот на поранешниот напаѓач на репрезентацијата на Бразил, Бебето, потпиша за тимот на Спортинг Лисабон.
Бебето остана запаметен во историјата како напаѓачот кој своите голови ги прославуваше со гестикулација како нуша бебенце.
Е сега тоа бебенце кое се роди во 1994 година, порасна и има 22 години. Се вика Матеус, и од Есторил премина во Спортинг Лисабон каде ќе настапува наредната сезона.
Матеус има 4 настапи за младинската репрезентација на Бразил до 20 години.