Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал: Шпанија по рутина, Македонија по чудо

0
By Нова ТВ on November 12, 2016 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го игра четвртиот натпревар во циклусот квалификации за Светското првенство во 2018 година. Гостува кај фаворизираната Шпанија во обид што е можно повеќе да ја намачи и што поскапо да ја продаде сопствената кожа. Најави и очекувања за победа нема. И во случај да беа испорачани ќе беа несериозни и за рубриката „неверојатно“ бидејќи илузорни се закани кон еден од најкомплетните репрезентативни состави на денешницата. Затоа фокусот е ставен на играта, на желбата за надигрување и парирање на моќниот противник што е во контекст и она нашироко распространето и прифатено сфаќање – „и да загубат само да одиграат како треба, да трчаат, да се борат, да покажат жар наместо да загубат предвреме и без борба“. Мечот на „Лос Карменес“ во Гранада почнува во 20.45 часот.

Текот и исходот на средбата вечерва во голема мера ќе зависи од Шпанија. „Црвената фурија“ е ослабена со неиграњето на Рамос, Пике, Иниета, Диего Коста, Жорди Алба. Шанса од клупата ќе чекаат Мата, Аспиликуета, Ескудеро, Ерера, Нолито. Лопетеги е принуден да менува во, речиси, сите линии (освен голманската) и да изведе тим што ретко кога ќе почне заедно во иднина. Дел од надежите на Македонија за добар настап се полагаат во (не)воиграноста меѓутоа никако не смее да се заборави фактот дека Шпанците имаат квалитетни поединци со кои може да се состави повеќе од една селекција што ќе биде подеднакво конкурентна.

Фото: ffm.mk
Фото: ffm.mk

Вториот момент што би можел да биде во корист на составот на Игор Ангеловски е пристапот на домашните. Евентуален потценувачки однос, во што се надеваат и посакуваат во нашиот табор, би можел да значи предуслов за резултатско изненадување. Но, познавајќи ги Шпанците какви професионалци се и што сè носат на плеќи како одговорност од лично реноме и на дресот во кој се, малку веројатно е дека ќе излезат од тунел на тревник со веќе направена табела и впишани три бода на контото. Ако помислат дека самото нивно појавување е доволно за победа, тогаш до израз ќе дојде Македонија чии репрезентативци, сепак, ќе мора и да одработат како би можеле да уживаат во потенцијален позитивен резултат што ќе одекне како бомба ширум планетата.

Ангеловски ќе почне со најмалку тројца младинци 

Селекторот Ангеловски за овој дуел не можеше да смета на тројца искусни играчи. Иван Тричковски отпадна поради приватни причини, Агим Ибраими и Александар Трајковски поради повреди. На помош се повикани осуммина од младата селекција и најмалку тројца, според најавите од Гранада, ќе почнат вечерва за што сè уште нема потврда. Една од дилемите е местото меѓу стативите и се однесува на Столе Димитриевски или Игор Алексовски, во дефанзивната линија сигурно ќе биде вметнат Дарко Велковски, освежувачки опции за средниот ред се Енис Барди и Давид Бабунски како поддршка за Алиоски и Хасани. Нападот останува со Пандев и Несторовски и со Бесарт Ибраими како опција од клупата што беше случај и во дуелите со Албанија, Израел и Италија.

Фото: ffm.mk
Фото: ffm.mk

„Формациски нема да менуваме ништо. Можни се персонални промени на неколку позиции, на голманската и на уште две во тимот. Можеби имаме најмлада репрезентација, но тоа не ме плаши. Верувам во овие момчиња. Во фудбалот се важни поединците, а најважен е, сепак, тимот. Мора да одиграме колективно. Само таа можеме да им се спротивставиме на Шпанците“, порача Ангеловски пред вечерашниот меч.

Тој останува доследен на формација 3-5-2 со затворање на крилните позиции со Ристовски и Жута, со подефанзивни обврски за играчите во средината и со контранападите како оружје за совладување на Давид де Хеа.

„Шпанија можеби е хендикепирана со неиграњето на неколку нејзини фудбалери што не смее да нè залаже. И без нив имаат широк избор на квалитет“, дополни кормиларот на националниот тим.

Пандев се надева дека Шпанците ќе остават доста простор за контри

Оптимистички тонови за добар настап во Гранада од Горан Пандев. Капитенот ја признава фаворитската улога на домашната репрезентација, но изразува и верба дека Македонија ќе постигне гол на „Лос Карменес“ и ќе се претстави во светло издание пред шпанската публика.

Фото: ffm.mk
Фото: ffm.mk

„Одигравме три одлични мечеви во квалификациите досега и не заслуживме, според прикажаното, да бидеме во ваква позиција на табелата. Во тимот имаме и млади играчи кои со нетрпение ја очекуваат средбата. Се надевам дека Шпанците ќе остават доста простор за нас и за нашите контри“, коментира Пандев пред шестата репрезентативна пресметка меѓу Македонија и Шпанија.

Четвртата рунда во нашата група денеска носи уште два меча. Италија ќе гостува во Лихтенштајн, а Албанија и Израел ќе играат во Елбасан.

Квалификации за СП 2018

Група Г

Шпанија – Македонија (20.45 ч.)

Албанија – Израел (20.45 ч.)

Лихтенштајн – Италија (20.45 ч.)

Табела: Шпанија 7, Италија 7, Израел 6, Албанија 6, Македонија 0, Лихтенштан 0.

Група Д

Австрија – Република Ирска (18 ч.)

Грузија – Молдавија (18 ч.)

Велс – Србија (20.45 ч.)

Табела: Србија 7, Република Ирска 7, Велс 5, Австрија 4, Грузија 1, Молдавија 0.

Група И

Хрватска – Исланд (18 ч.)

Турција – Косово (18 ч.)

Украина – Финска (20.45 ч.)

Табела: Хрватска 7, Исланд 7, Украина 5, Турција 2, Финска 1, Косово 1.

 

 

 

 

Горан Пандев Игор Ангеловски квалификации за СП 2018 Македонија фудбал Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.