Македонската фудбалска репрезентација до 21 година попладнево ремизира (1:1) против Украина во натпревар од 5. коло од квалификациите за Европското првенство што ќе се одржи во Романија и Грузија во 2023 година.
На тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје, Украина дојде во водство во 42. минута со 1:0 со голот на Олександр Сирота. Конечниот резултат го постави Томче Гроздановски во 58. минута.
Со овој нерешен резултат, македонските фудбалски надежи имаат вкупно 6 бода и остануваат на третата позиција во групата, четири помалку од Украина на второто место.
Во групата Х вечерва (20:45) во Гренобл ќе играат Франција, лидер на табелата, и селекцијата на Ерменија.