Благоја Милевски го објави изборот на фудбалери за претстојното Европско првенство во Полска на кое за првпат ќе настапи Македонија. Селекторот на младата репрезентација изготви список со сигурни 17 играчи кои го остварија и најголемиот успех низ квалификацискиот циклус со освоеното прво место во групата 3 во конкуренција на Франција, на Исланд, Украина, Шкотска и Северна Ирска.
Голмани
Игор Алексовски (Вардар), Дамјан Шишковски (Работнички)
Одбрана
Ѓоко Зајков (Шарлроа/Белгија), Дарко Велковски (Вардар), Висар Муслиу (Ренова), Мевљан Мурати (Шкендија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Бесир Демири (Вардар)
Среден ред
Бобан Николов (Вардар), Енис Барди (Ујпешт/Унгарија), Давид Бабунски (Јокохама/Јапонија), Даниел Аврамовски (Олимпија Љубљана/Словенија)
Напад
Марјан Радески (Шкендија), Виктор Ангелов (Ујпешт/Унгарија), Никола Ѓорѓев (Грасхоперс/Швајцарија), Филип Пивковски (Ландскрона/Шведска), Кире Маркоски (Работнички).

Покрај фудбалерите во заминување од младиот национален тим, Милевски повика уште 26 играчи (генерација 1996/97) кои ќе понесат товар во квалификациите за ЕП 2020 во Италија што почнуваат наесен. Нивното зборно место ќе биде во Скопје на 1 јуни. Шест до седум од нив ќе бидат вклучени во експедицијата за ЕП 2017 во Полска каде Македонија ќе се натпреварува во групата Б заедно со Србија, Шпанија и Португалија.
Голмани
Филип Илиќ (Гандзасар/Ерменија), Боби Целески (Македонија Ѓ.П.
Одбрана
Давид Атанасовски (Академија Пандев), Нехар Садики (Работнички), Костадин Чешмеџиев (Македонија Ѓ.П.), Алекса Амановиќ (Јавор/Србија), Јован Попзлатанов (Пелистер), Стефан Костов (Брегалница), Бесарт Кривањева (Шкупи), Филип Стојановски (Аполонија/Албанија)
Среден ред
Елиф Елмаз (Работнички), Енур Тотре (Шкендија), Давор Здравковски (Македонија Ѓ.П.), Стефан Јефтовски (Локомотив Пловдив/Бугарија), Мартин Мирчески (Пелистер), Дин Аломеровиќ (Македонија Ѓ.П.), Калвин Н`Сомбо (???), Кристијан Филиповски (Силекс)
Напад
Емил Абаз (Спартак/Србија), Тихомир Костадинов (Злате Моравце/Словачка), Петар Петковски (Вардар), Селмани Ремзифаик (Ренова), Демир Бенјамин (Работнички), Бобан Георгиев (Брегалница), Даниел Крезиќ (Одеволд/Шведска), Матеј Цветановски (Македонија Ѓ.П.).