НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал, У21: Србија ѝ нанесе прв пораз на Македонија по две години

0
By Нова ТВ on October 6, 2017 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Младата фудбалска репрезентација на Македонија го запиша првиот пораз во квалификациите за Европското првенство во Италија во 2019 година што е воопшто и прв по пауза од две години. Подобри од „црвено-жолтите“ попладнево беа нивните врсници од Србија со 2:0. Стрелци на головите на стадионот во тренинг комплексот при ФФМ беа Лукиќ во 22 минута и Живковиќ во 37.

Домашните не беа без закани, но не успеаја и до причина за прослава на реализација. Ѓорѓев во 15. минута, Тотре во 69. минута и нововлезениот Бобан Георгиев во 79. и во 82. ги имаа најдобрите ситуации за гол меѓутоа во дел од нив се испречи гостинскиот чувар на мрежата, а во дел и неприсебноста го стори своето. Српските фудбалери беа рационални од тој аспект за заслужен триумф во пресметката на две од 12. селекции учеснички на последното ЕП во Полска.

Македонија во првото коло славеше на гости кај Ерменија со 3:0, а веќе во понеделник ќе гостува на Гибралтар на стадионот „Алгарве“ во Фаро, Португалија. Како што беше најавено од претходно, Никола Ѓорѓев и Елиф Елмас ќе бидат ослободени од обврски кон младата репрезентација за дуелот со аутсајдерот во групата и ќе бидат отстапени на селекторот Игор Ангеловски во А тимот за дуелот со Лихтенштајн во Струмица во квалификациите за СП 2018.

Македонија (У21) – Србија (У21) 0:2 (0:2)

Стадион: Тренинг центар „Петар Милошевски“ при ФФМ. Гледачи: 500. Гл. судија: Франсоа Летесие. Асистенти: Цирил Муњие и Ерик Даниза (сите тројца од Франција). Ж. картони: Чешмеџиев, Петковски, Костадинов, Елмас (Македонија); Јовановиќ (Србија). Ц. картон: Чешмеџиев (Македонија). Стрелци: Лукиќ 22′, Живковиќ 37′ за Србија.

Македонија (формација: 4-2-3-1): Илиќ – Симовски (Кривањева 79′), Амановиќ, Чешмеџиев, Попзлатанов – Елмас, Тотре – Петковски (Абаз 66′), Ѓорѓев, Костадинов – Селмани (Георгиев 56′). Селектор: Благоја Милевски.

Србија (формација: 4-3-3): Радуновиќ – Богосавац, Машовиќ, Јовановиќ, Стевановиќ – Пантиќ (Дениќ 73′), Груиќ, Лукиќ – Живковиќ, Јовиќ (Шапоњиќ 85′), Радоњиќ (Пантовиќ 79′). Селектор: Горан Доровиќ.

Квалификации за ЕП 2019 (У21)

Група 7

Македонија – Србија 0:2

Русија – Австрија 1:0

Табела: Русија 7 (три меча), Ерменија 7 (4), Србија 6 (2), Австрија 3 (2), Македонија 3 (2), Гибралтар 0 (5).

Наредни мечеви (10 октомври): Гибралтар – Македонија, Србија – Русија, Ерменија – Австрија

Квалификации за ЕП 2019 Македонија репрезентација Србија У21 фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.