Вардар, Шкендија и Пелистер се последните четвртфиналисти во фудбалскиот Куп на Македонија. Лидерот во првенството и во реваншот го совлада Велазерими со 2:0 и со вкупни 5:1 се проби меѓу најдобрите осум.
За Шкендија се покажаа доволни оние два гола предност од првата средба со Работнички. Возвратниот меч попладнево заврши 0:0, па тетовци продолжуваат со мисијата за одбрана на тронот.
Највозбудливо беше на дуелот меѓу Ренова и Пелистер. Битолчани имаа 2:0 од првата средба, но тимот од Џепчиште успеа да постигне три на домашен терен и веќе на полувреме да има резултат за четвртфинале. Надежите на Ренова дека задачата е завршена ги урна Тодоровски од слободен удар за намалување на 3:1 што подоцна значеше и пласман на пелистерци во четвртфиналето.
Пласман во четрвтфиналето веќе имаа обезбедено Брегалница, Силекс, Победа, Шкупи и Металург.