Рутинска победа на Баерн Минхен, „експлозија“ на Динамо Загреб, Реал Мадрид „разнесен“ во Париз се карактеристики на вечерашните мечеви во групите А, Б, Ц и Д со кои е комплетирано првото коло во фудбалската Лига на шампиони.
Баварците со 3:0 ја совладаа Црвена звезда и уште во првиот меч најавија дека имаат амбиции за највисок пласман во шампионската лига. Кингсли Коман во 34. минута, Роберт Левандовски во 80. минута и Томас Милер во првата од судиското надополнување беа стрелци на „Алијанц арена“.
Динамо во Загреб ја декласира Аталанта со 4:0 во меч од групата Ц. Голеадата на „Максимир“ ја започна Марин Леовац во 10. минута по што следуваше хет-трик на Мислав Оршиќ во 31. минута, во 42. минута по асистенција на Аријан Адеми и во 68. минута.
Иако без Нејмар, Мбапе, Кавани и Дракслер, ПСЖ го понижи Реал Мадрид на „Паркот на принцевите“. Францускиот гигант славеше победа со 3:0 во која со два гола учествуваше Анхел ди Марија додека ретиот беше дело на Томас Муние.
Лига на шампиони
Група А: ПСЖ – Реал Мадрид 3:0, Бриж – Галатасарај 0:0
Група Б: Баерн Минхен – Црвена звезда 3:0, Олимпијакос – Тотенхем 2:2
Група Ц: Динамо Загреб – Аталанта 4:0, Шахтјор Доњецк – Манчестер сити 0:3
Група Д: Атлетико Мадрид – Јувентус 2:2, Баер Леверкузен – Локомотив Москва 1:2