Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Г-20 подготвуваат остра осуда за рускиот напад врз Украина

0
By Соња Крамарска on November 15, 2022 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шефовите на држави и влади на групата Г-20 би можеле остро да ја осудат Русија за нејзиниот напад врз Украина. Изгледа дека Г-20 ќе стави до знаење дека оваа војна не е прифатлива, вели германскиот канцелар Олаф Шолц.

Во предлогот на завршната изјава, која ја објави Ројтерс, се предлага остра критика:

„Мнозинството членови најостро ја осудија војната во Украина и истакнаа дека таа предизвика огромно човечко страдање и ги влоши постојните слаби точки на светската економија“, се вели во текстот, кој би требало да биде прифатен утре на состанокот на претседателите на државите и владите на 20-те најразвиени индустриски земји.

Дводневната конференција под претседателство на Индонезија, која се одржува на индонезискиот остров Бали, остана во сенка на руската агресија врз Украина која започна на 24 февруари годинава.

Германскиот канцелар Олаф Шолц уште пред самитот изјави дека за војната мора да се разговара на состанокот на групата Г-20. Тој досега учествуваше во две рунди разговори и извести дека постојано се разговарало за руската војна во Украина.

„Изгледа дека групата Г-20 ќе стави до знаење дека оваа војна не е прифатлива. Покрај тоа, Г-20 има намера да испрати јасна порака дека употребата на нуклеарно оружје не доаѓа предвид. Се чини дека има консензус за тоа“, рече Шолц и додаде дека тоа е голем напредок, бидејќи на почетокот на руската војна во Украина тоа не можеше да се очекува.

На средбата учествуваат и американскиот претседател Џозеф Бајден и кинескиот претседател Си Ѓинпинг, кои претходно се сретнаа одделно и разговараа три часа.

Рускиот претседател Путин не дојде. Тој го испрати својот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Лавров беше присутен и во салата кога преку видео врска се приклучи и украинскиот претседател Володимир Зеленски и побара прекин на војната.

Во предлогот на завршната изјава се посочува и дека огромното мнозинство членки на ОН веќе го осудија рускиот напад врз Украина. Покрај тоа, нацрт-завршната изјава повикува на „целосно и безусловно повлекување од украинска територија“. Американскиот претставник рече дека САД очекуваат Г-20 да ја осудат руската војна во Украина и нејзиното влијание врз светската економија.

Нацрт-завршната изјава укажува дека војната во Украина го ограничува економскиот раст во светот, ја поттикнува инфлацијата, ги нарушува синџирите на снабдување, ја зголемува несигурноста во снабдувањето со енергија и храна и ги зголемува ризиците за финансиската стабилност.

 

Војна во Украина Г-20 осуда на Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.