Следниот самит на групата Г7 ќе се одржи во Шлос Елмау, во германската покраина Баварија, од 26 до 28 јуни 2022 година, јави денеска агенцијата ДПА.
Со нетрпение очекуваме целиот свет да дојде во Баварија, изјави денеска покраинскиот премиер Маркус Зодер во Минхен.
Германија ќе го преземе ротирачкото претседателство со Г7 следната година, а ќе биде домаќин на лидерите од Франција, Велика Британија, Италија, Јапонија, Канада и САД, пренесува германската агенција.
Последниот состанок на Г7 во Германија се одржа во 2015 година, во луксузен хотел во планините во близина на Гармиш-Партенкирхен.