Индија треба да го започне извозот на вакцини против  „Ковид“ од следниот месец, изјави денеска владиниот министер за здравство за локалните новинари, пренесува „Гардијан“ .

Индија е најголемиот светски производител на вакцини, но го запре извозот за време на масовниот пораст на „Ковид“ низ целата земја, по што производството го насочи за домашните потреби.

Запирањето на извозот од Индија, остави многу земји во развој без соодветни резерви. Индија донираше или продаде 66 милиони дози вакцина на речиси 100 земји,  пред да го запре извозот.

Премиерот Нарендра Моди утре пристигнува во САД за да се сретне со претседателот Џо Бајден и се очекува темата за вакцините да биде дел  од нивните разговори.