Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Георгиевски: Нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да ја блокира Општината

0
By Нова ТВ on December 4, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 4, 2017 16:11

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ сака да ја блокира работата на Општината Гази Баба, информираше денеска на прес-конференција градоначалникот Борче Георгиевски.

„Со тоа што ВМРО-ДПМНЕ поради наводна солидарност со притворените учесници и организатори на крвавите настани во Собранието на 27, на предлог од претседателот на Советот поддржан од советниците од ВМРО-ДПМНЕ, спречи да се донесе нацрт буџетот на општината. Наместо да одберат развој и буџет на општината, ВМРО-ДПМНЕ одбра да постапи по наредба на Никола Груевски. Ова не е прв пат ВМРО-ДПМНЕ да се обиде да ја блокира работата на Советот на општината“, рече градоначалникот.

Тој додава дека идејата за која знаела и советниците на ВМРО-ДПМНЕ  била буџетот требало да се носи во две фази.

„Иако секогаш и за се биле уредно консултирани, советниците на ВМРО-ДПМНЕ работат свесно на штета на граѓаните. Доказ за тоа се и записниците од работните тела, на кои учествуваат и советниците на ВМРО-ДПМНЕ, каде што даваат поддршка за сите програми кои се составен дел на буџетот. Оваа блокада која денеска ја прават значи опасност да се исплаќаат плати, да се реализираат веќе започнатите активности, со еден збор блокада на системот на општината, која е на директна штета на граѓаните“, рече Георгиевски.

Градоначалникот вели дека ако советниците на ВМРО –ДПМНЕ не се вразумат и продолжат со блокирањето на буџетот ќе одат со мерката времено финансирање на општината.

„Сакам да им порачам на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека протестираат на погрешна адреса. Општина Гази Баба не е кривичен орган и не притвора никого. Тука се во општината треба да се работи во интерес на граѓаните, а не на паријата. За жал советниците на ВМРО-ДПМНЕ очигледно не знаат како се работи во интерес на граѓаните“, смета Георгиевски.

Борче Георгиевски буџет ВМРО-ДПМНЕ Општина Гази Баба Советници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.