НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германија бара да купи тенкови од Швајцарија за да и помогне на Украина

0
By Соња Крамарска on March 3, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германија побара од Швајцарија да и продаде дел од своите тенкови „Леопард 2“, за да може да додели поголема воена помош за Украина, објави денеска швајцарскиот весник „Блик“.Како што пишува весникот, Германија бара Швајцарија да продаде дел од своите тенкови на производителот Rheinmetall, за да се пополнат празнините во вооружувањето на членките на ЕУ и НАТО.

Германија, Полска, Португалија, Финска и Шведска се меѓу земјите кои испраќаат „Леопарди“ во Украина, но со тоа го проретчиле својот воен арсенал.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус и министерот за економија Роберт Хабек ја информирале швајцарската министерка за одбрана Виола Амхерд за нивната намера во писмо од 23 февруари, пишува „Блик“. Тие бараат од Берн да се согласи со продажбата, со ветување дека швајцарските тенкови нема да завршат во Украина.

Законите за неутралност и ембаргото за оружје ја спречуваат Швајцарија да испраќа оружје директно во Украина, а ако се согласи со барањето на Германија, швајцарскиот Парламент ќе бара официјално да  прогласи дека тенковите се надвор од употреба, објаснува весникот.

Во претходните случаи, Берн ги отфрли барањата на Германија, Шпанија и Данска за извоз на претходно купена швајцарска муниција во Украина.

Извор: МИА

Германија Тенкови Украина Швајцарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.