НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германија нема да стои на патот на Полска доколку сака да испрати тенкови „Леопард“ на Украина

0
By Соња Крамарска on January 23, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Германскиот тенк „Леопард 2“
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германија сигнализира промена на ветото за тенковите „Леопард“ за Украина. Германија нема да застане на патот доколку Полска сака да ги испрати своите тенкови „Леопард 2“ во Украина, рече германскиот министер за надворешни работи, сигнализирајќи можен пробив за Украина додека се обидува да ги зајакне своите сили пред очекуваната нова руска офанзива.

Единаесет месеци откако Русија го нападна нејзиниот јужен сосед, борбите се насочени во градот Бахмут на истокот на Украина, каде што руските платеници Вагнер и украинските сили се заглавени во битка.

Украинските власти со месеци ги повикуваат западните сојузници да им достават  модерни тенкови „Леопард“ од германско производство, но Германија се воздржува да ги испрати или да им дозволи на другите земји од НАТО да го сторат тоа.

За време на состанокот на западните сојузници во воздухопловната база Рамштајн во Германија во петокот, не беше донесена одлука за снабдување со „Леопарди“, иако беа дадени ветувања за големи количини на друго оружје, вклучително и системи за противвоздушна одбрана и други модели на тенкови.

Тенковите „Леопард“, кои ги имаат низа земји на НАТО, но за чиј трансфер во Украина е потребно одобрение од Берлин, експертите за одбрана ги гледаат како најпогодни за Украина. Вакви тенкови се достапни во многу европски земји во голем број.

Социјалдемократската партија на канцеларот Олаф Шолц е традиционално скептична за воените вмешаности и претпазлива за ненадејните потези кои би можеле да предизвикаат Москва дополнително да ескалира.

Но, во очигледна промена во позицијата на Германија, министерката за надворешни работи Аналена Баербок рече дека нејзината влада нема да ја блокира Полска доколку таа ги испрати своите тенкови „Леопард 2“ без германско одобрение.

„Во моментов прашањето не е поставено, но ако нѐ прашаат, нема да застанеме на патот“, изјави таа за француската ТВ LCI, на прашањето за реакцијата на нејзината влада на таква полска одлука.

Забелешките на Баербок одат подалеку од коментарите на Шолц на самитот во Париз претходно во неделата дека сите одлуки за испорака на оружје ќе бидат донесени во координација со сојузниците, вклучително и Соединетите држави.

Украина вели дека оклопните борбени тенкови ќе им дадат на нејзините копнени трупи поголема мобилност и заштита пред новата руска офанзива што се очекува во наредните месеци.

Американските пратеници ја притиснаа својата влада во неделата да ги извезе главните борбени тенкови „М1 Абрамс“ во Украина, велејќи дека дури и испраќањето симболичен број ќе биде доволно за да ги поттикне европските сојузници да го сторат истото.

Велика Британија неодамна соопшти дека испорачува 14 тенкови „Челинџер 2“ на Украина. Нејзиниот министер за надворешни работи, Џејмс Клеверли, вчера рече дека сè уште сака меѓународен договор за обезбедување на Украина со тенковите од германско производство.

Францускиот претседател Емануел Макрон, пак, рече дека не ја исклучува можноста за испраќање тенкови „Леклер“ на Украина. Франција сепак има ограничен број од овие тенкови, околу 200, кои повеќе не ги произведува.

За споредба, има околу 2.000 тенкови „Леопард“ низ европските земји.

Минатата недела, портпаролот на Кремљ рече дека западните земји кои испорачуваат дополнителни тенкови на Украина нема да го сменат текот на конфликтот, туку ќе придонесат за проблемите на украинскиот народ.

Близок сојузник на рускиот претседател Путин се закани дека испораката на офанзивно оружје за Киев што ги загрозува териториите на Русија ќе доведе до глобална катастрофа и ќе ги направи неодржливи аргументите против употребата на оружје за масовно уништување.

извор: Еуроактив

 

Германија Леопард Полска Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.