Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германија во канџите на ковид-19: Вкупниот број на смртни случаи надмина 100.000, рекорд и на дневните инфекции

0
By Sashko on November 25, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 25, 2021 07:38

Германија ја надмина бројката од 100.000 смртни случаи од ковид-19 и објави рекордно високо ниво во бројот на новозаразени и бројки за инциденца од седум дена.

Бројките од Институтот за контрола на болести „Роберт Кох“ (РКИ) објавени рано утрово покажуваат дека од почетокот на пандемијата во земјата починале 100.119 луѓе од или со ковид-19.

Бројот на регистрирани новозаразени во еден ден, исто така, за првпат е над 70.000, поточно здравствените власти пријавија 75.961 случај за 24 часа, што е за преку 10.000 повеќе во споредба со една недела претходно (65.371).

Последната седумдневна инциденца е 419,7, што претставува уште еден рекорд од почетокот на пандемијата. Ден претходно беше 404,5, а една недела претходно беше 336,9. Бројката означува број на инфекции на 100.000 луѓе во последната недела.

Во последното деноноќие се регистрирани 351 нов смртни случаи, во споредба со 264 една недела порано.

Институтот регистрира 5.573.756 милиони заразени лица со коронавирус од почетокот на пандемијата. Се смета дека вистинската бројка е многу поголема, бидејќи многу случаи остануваат неоткриени. Бројот на оздравени од коронавирус во Германија сега достигна 4.744.400 милиони луѓе.

Германија Ковид-19 Рекорди Свет Статистика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.