Фудбалерите на Баерн Минхен и вечерва покажаа кој е газда во германската сцена. Баварците го декласираа Ајнтрахт во Суперкупот со 5:0 и тоа на неговиот стадион во Франкфурт како одлична увертира пред почетокот на нвовата сезона во Бундеслигата.
https://www.youtube.com/watch?v=Hr0L1nLF-pE
Главна ѕвезда на тревникот беше Роберт Левандовски. Полскиот репрезентативец го постигна првиот хет-трик во историјата на Суперкупот на Германија (21. минута, 26. минута, 54. минута), а во „изживувањето“ врз Ајнтрахт пред неговите навивачи учествуваат и Кинсли Коман во 64. минута и Тиаго Алкантара во 85. минута.
Новата сезоната во Бундеслигата почнува на 24 август со мечот меѓу Баерн и Хофенхајм во Минхен. Ајнтрахт, пак, ден подоцна ќе гостува на тимот на Фрајбург.