Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гинекологија демантира дека близначињата починале од инфекција

0
By Нова ТВ on September 8, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 8, 2016 19:09

Ден по објавувањето на сторијата на НОВА, „Родилка:Близначињата ми починаа од инфекција на гинекологија“, од Клиниката се огласија со демант кој го објавуваме во целост, а во продолжение е одговорот на НОВА.

ДЕМАНТ на ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје

По повод објавениот текст на порталот Плусинфо во врска со текстот ,,Родилка тврди дека близначињата и починале од инфекција добиена на гинекологија,, 07.09.2016год.

По повод објавениот текст на порталот НОВА во врска со текстот ,,Родилка: Близначињата ми починаа од инфекција добиена на гинекологија,, напишан од новинарката Менче Атанасова Точи 07.09.2016год.

ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство-Скопје  го пишува овој демант со цел да ја искаже својата реакција до порталот Плусинфо и НОВА, новинарката Менче Атанасова Точи како и пациентката Елена Ѓурчиноска, но и да ја информира македонската јавност за вистината која во моментов е најважна.

На самиот почеток информираме дека во случајот на споменатата пациентка следните податоци се факти:

Пациентката била примена на ЈЗУ У ГАК како ИТЕН случај во 29 гестациска недела, екстремен прематуритет во животно загрозувачка состојба и по мајката и плодовите поради клинички знаци за абрупција (одлепување на постелката) на постелката на првиот плод (бидејќи се работело за близначка бременост)., проследена со силни болки и крварење.

Пациентката на ЈЗУ У ГАК е примена во 21.15 мин, а веќе во 21.25 мин (со родилна тежина 910 гр.), со царски рез е изваден првиот плод, а во 21.26 (со родилна тежина 1100гр) вториот плод.

Реагирано е експресно брзо со цел да бидат спасени животите на мајката и бебињата.

Новороденчињата понатаму се третирани на одделот за интензивна нега за НЕДОНОСЕНИ новороденчиња. Во грижата на новороденчињата е постапено по сите медицински протоколи кои се уредно документирани. Во тој контекст ве информираме дека на земените микробиолошки брисеви НЕ Е ИЗОЛИРАН ИНФЕКТ!

Дефинитивната причина за смртта на новороденчињата ќе се знае по пристигнувањето на обдукциониот наод.

Објавениот текст од страна на порталот како и честите пишувања од страна на новинарката се очигледна тенденција за нарушување на угледот на клиниката која и овој пат згрижила пациент во исклучително тешка состојба кој претходно во најголем дел од својата бременост бил контролиран  во приватна болница..

Во меѓувреме пациентката никогаш пред оваа објава не се пожалила или пак напишала претставка за ЈЗУ У ГАК со забелешка за третманот на новороденчињата.

Новинарката официјално не се обратила до ЈЗУ У ГАК за информации поврзани со случајот и текстот го објавила единствено врз основа на изјава на пациентка.

Со овој чин не го нарушувате само угледот на клиниката, туку и неизмерната посветеност на целиот медицински персонал, несебичното пожртвување, грижата и негата на сите доктори,медицински сестри, акушерки, болничари, фрлате пепел на се што нашиот персонал прави за пациентите. Од тој аспект не го запазувате во ниту еден момент морално етичкиот однос кон здравствениот работник.

Бараме овој Демант да биде објавен на страната на Вашиот портал. УПРАВА на ЈЗУ У ГАК – Скопје

Одговор од НОВА:

НОВА во ниту еден момент не искажа сопствен став, туку децидно ја пренесе изјавата на родилката Елена Ѓурчиноска која се обрати на новинарката Менче Точи , во ситуација кога не добила конкретен одговор додека престојувала на клиниката, од што и починале двете новородени близначиња, ниту пак добила потврда за смртта на бебињата, документ кој е задолжителен за да се извади посмртница од полиција.

Точно е дека Ѓурчиноска не се обратила писмено за одговор до клиниката, но не ни можела да го стори тоа бидејќи по се што преживеала, сега е под психијатриски третман и е во лоша здравствена состојба. Но, тоа го стори преку медиум. Ѓурчиноска, тврди, а НОВА пренесува  дека лекарите (имињата и се познати на редакцијата) и соопштиле дека близначињата имаат тешка инфекција.

Еве што изјави Елена откако и соопштивме дека стигна демант од клиниката: „Лекарката од неонатологија ми рече, (цитирам)„ Елена ние не се плашиме од малата родилна тежина, ниту од неделата во која сте породени, ние се плашиме од тешката инфекција која што ја имаат двете бебиња“.

Управата на клиниката треба да знае дека НОВА во ниту еден момент не објавила ништо тенденциозно, ниту нешто кое не било поткрепено со изјава, факти или докази со цел да и наштети на клиниката.

Не е точно дека новинарката не побарала одговор од Клиниката. За тоа постојат докази кои НОВА ги презентира подолу во текстот, а дека останавме без одговор стои и во претходно објавениот текст.

screenshot_2016-09-08-15-52-48

Нејасно е зошто директорката Марија Хаџи Лега не ја информирала Управата на клиниката дека цела недела не одговарала на телефонските повици, на СМС пораките, ниту на прашањата пратени по електронски пат од страна на новинарката Менче Точи. И не само на овие директорката не одговорила на ниту едно друго прашање од НОВА.

ginekologija

 

И на крај ја потсетуваме дека НОВА не се вклучи и не информираше за наводниот „Скандал за 80 починати новороденчиња за  шест месеци на клиниката “, за кој пишуваа некои медиуми, од причина што немавме изјави или документи. Но, во име на професионалното новинарско известување, тоа ќе го правиме секогаш кога ќе имаме објективни докази за такво нешто. Клиниката е должна според Законот за слободен пристап на информации да одговара на новинарските прашања, а не да испраќа деманти дури откако ќе биде објавен текстот.

 

 

 

близначиња гхинекологија демант
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.