Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гласање за Договорот со Грција и за отворање на вратите кон ЕУ и НАТО

0
By Нова ТВ on June 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 20, 2018 08:43

Договорот за затворање на 27 годишниот спор за името со Грција денеска ќе се најде на ратификација во Собранието.

Шефот на дипломатијата Никола Димитров на собраниската седница вчера рече дека Грција согласно договорот, по неговото ратификување во македонскиот Парламент, има обврска да го извести претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск дека дава поддршка за почеток на членството на Македонија во ЕУ и да го извести генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг дека ја поддржува поканата за НАТО.

– Јунскиот совет е пред нас, министрите за надворешни работи на земјите-членки ќе заседаваат на 25 и 26 јуни, а Самитот е на 28 јуни. Овие датуми се клучни за европската перспектива на нашата земја и зависат од ратификацијата на спогодбата. За да ги испорачаме овие резултати предлагаме Собранието  да одлучи законот да се донесе по скратена постапка. Со ратификацијата се отвора можноста граѓаните да се изјаснат за својата иднина на есенскиот референдум, рече Димитров.

Во обраќањето на расправа за предлог Законот на комисијата за европски прашања, Димитров детално ги образложи сите точки на Договорот.

-Ако не ми беше мирна совеста, немаше да го потпишам Договорот и немаше денеска да бидам овде пред вас, рече Димитров.

По донесувањето од страна на Парламентот договорот треба да биде испратен до претседателот Иванов, кој има рок од седум дена да го потпише.

Претседателот на државата во своето неодамнешно обраќање кажа дека нема да го поддржи ниту да го потпише договорот за спорот за името, кој според него, е штетен.

Доколку Иванов го употреби правото на вето, договорот повторно оди во собраниска процедура, но тогаш ќе мора да биде изгласан со апсолутно мнозинство, 61 пратеник треба да гласа „за“. Договорот во тој случај повторно се испраќа до претседателот, кој според Уставот е обврзан да го потпише.

ВМРО ДМПНЕ ќе ја бојкотира ратификацијата, не оди на протести

Против договорот гласаше опозициската ВМРО-ДПМНЕ чии пратеници ја напуштија работата на Собранието по ова прашање откако не беа прифатени нивните забелешки дека договорот треба да се разгледува на Комисијата за надворешни работи, каде претседател е поранешниот министер за надворешни работи и пратеник од оваа партија Антонио Милошоски.

Тие се против менување на Уставот за промена на уставното име, што се предвидува со договорот.

Пред зградата на Парламентот паралелно со почетокот на седницата се одржа и протест на граѓани кои се против донесувањето на договорот за спорот со името. Тие имаа средба со претседателот  на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, од кого побараа пратениците да поднесат оставки и да се приклучат на протестите. Од Мицкоски добија поддршка за протестите, но ВМРО ДПМНЕ останува со Собранието.

Етапна реализација на договореното 

Предлог – законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), престанување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните, беше усвоен во понеделникот на владина седница.

Договорот за решавање на спорот за името помеѓу Македонија и Грција го потпишаа министрите за надворешни работи на двете земји Никола Димитров и Никос Коѕијас во неделата во Псарадес, на грчката страна на Преспанското езеро. На потпишувањето присуствуваа и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, медијаторот на ОН во спорот со името Метју Нимиц, потсекретарката за политички прашања на Светската органзиација Розмари Ди Карло, високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на ЕУ Јоханес Хан.

Имплементацијата на договорот ќе се случува етапно. Ќе стапи во сила откако двете страни ќе го прифатат согласно внатрешни процедури, но доколку која било од страните не го прифати договорот согласно внатрешните процедури тоа ќе значи дека договорот не важи.

Конечниот збор за договорот ќе го имаат македонските граѓани на референдум, најавен за наесен.

Ќе се почитува одлуката на мнозинството 

Премиерот Зоран Заев синоќа во интервју за емисијата „Вистина“ на Канал 5 рече дека верува оти нашиот народ ќе донесе мудра одлука.

– Направив договор, не беше лесно да се постигне. Сега имаат шанса граѓаните, ќе се изјаснат дефинитивно на референдум. Јас сум убеден дека огромно мнозинство ќе ги поддржи овие перспективи кои и се на дофат на Македонија, рече Заев.

Премиерот тврди дека резултатот од референдумот ќе биде задолжителен без разлика дали ќе биде обврзувачки или консултативен.

– Тоа значи ако мнозинството на граѓаните е „за“ тогаш договорот е важечки, ако, пак, мнозинството е „против“ тогаш не важи ниту ратификацијата на договорот ниту, пак, договореното име, прецизира Заев. 

Договорот со Грција ЕУ НАТО ратификација Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Слон уби 20 луѓе во Индија – се трага по убиецот

January 12, 2026

САД: Камион се заби во проирански демонстранти

January 12, 2026

САД запленија нов – петти танкер по ред

January 9, 2026

Голем пожар во главниот град на Албанија: Изгореа повеќе од 50 продавници и магацини

January 9, 2026

Русија реагира на запленувањето на нејзиниот танкер „Маринер“ – САД велат дека ги крешел санкциите

January 8, 2026
ФОКУС
January 12, 2026

Локални избори 2025/26: ДУИ победи во Гостивар и Врапчиште, ВМРО-ДПМНЕ во Маврово и Ростуше

ВЕСТИ January 12, 2026

Повтореното гласање за градоначалници во четири општини донесе ограничен изборен успех за коалицијата „Национална алијанса…

Скопје: Бугарското МНР тврди дека била нападната амбасадата / Бугарскиот амбасадор вели дека неказнивоста ги охрабрува посегнувањата

January 11, 2026

Париз: САД да престанат со уцената за Гренланд / Лондон: Британија разговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

January 11, 2026

Техеран: Хамнеи изгуби контрола врз управувањрто со земјата и ѝ нареди на Револуционерната гарда таа да ја преземе контролата во Иран

January 10, 2026
ТИКЕР

Слон уби 20 луѓе во Индија – се трага по убиецот

January 12, 2026

САД: Камион се заби во проирански демонстранти

January 12, 2026

САД запленија нов – петти танкер по ред

January 9, 2026

Голем пожар во главниот град на Албанија: Изгореа повеќе од 50 продавници и магацини

January 9, 2026

Русија реагира на запленувањето на нејзиниот танкер „Маринер“ – САД велат дека ги крешел санкциите

January 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.