Првиот светски тениски рекет, Новак Ѓоковиќ се наоѓа во карантин во Мелбурн, а со себе нема ниту паричник, ниту лични документи и работи. Сместен е во хотел „Парк“, откако беше одбиен за виза за влез во Австралија.
Хотелот во кој е сместен е наменет за бегалци и за лица кои бараат азил. Условите во него не се идеални, а Ѓоковиќ забележал и бубачки во собата.
На Ѓоковиќ не му беше дозволена да оди во изнајмен стан во кој е неговиот тим.
Освојувачот на 20 гренд слем титули сигурно ќе остане во Австралија до понеделник, кога Федералниот суд треба да донесе конечна одлука за негово останување или заминување.
Првиот тениски гренд слем во сезоната, Австралија опен почнува на 17 јануари.