Поранешниот светски рекет број 1 Новак Ѓоковиќ убедливо ја започна новата година откако го совлада Французинот Констант Лестиен со 6-3, 6-2 во мечот од првото коло на турнирот од серијата 250 АТП во Аделаида. За Ѓоковиќ тоа беше прв натпревар на австралиско тло по две години, откако пред една година му беше забранет влез во земјата поради одбивање да се вакцинира против Ковид-19.

„Како прв натпревар, не можам да се пожалам. Играв многу добро. Првите шест натпревари беа многу оспорувани, никогаш не сум играл против него. Тој има тврд сервис, многу прецизен. Но, откако го направив првиот пробив за 3 -2, го подигнав темпото и играв добар тенис до крајот“, изјави Ѓоковиќ по победата.

За српскиот тенисер ова е прв настап во Аделаида од 2007 година кога ја освои титулата како тинејџер. На Ѓоковиќ му претстои средба со уште еден Французин – Квентин Хали, кој со 6-3, 6-4 го совлада репрезентативецот на домаќинот, Џордан Томпсон.

Во второто коло во Аделаида се пласираше и Русинот Даниил Медведев кој со 7-6(6), 2-1 го совлада Лоренцо Сонего и го совлада својот противник. Продолжува да напредува Карен Хачанов, кој со 6-2, 6-4 го совлада Педро Качин од Аргентина.