Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓоковиќ по поразот на Ролан Гарос: Првиот сет пресуден, третиот очаен

0
By Нова ТВ on June 7, 2017 СПОРТ
Фото: rolandgarros.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пораз во четврт-финале, губење на титулата во Париз, пад на АТП листата. Новак Ѓоковиќ доживеа нов силен удар по сопствените амбиции во тековната тениска сезона. Австриецот Доминик Тим, шести носител, ја доби пресметката со Србинот со убедливи 7:6 6:3, 6:0 и се најави на мегдан со Рафаел Надал за големото финале на Ролан Гарос.

„Сите големи играчи минуваат низ ова. Морам, се чини, и јас. Лекцијата треба да биде научена и да изнајдам начин како да излезам посилен. Бев очаен во третиот сет. Ништо не ми поаѓаше од рака во третиот сет за разлика од Тим кој успеваше во секоја намера. Победникот, мислам, беше решен во воведниот сет. Се обидов да вратам, но се случи тој брејк уште на почеток на наредниот што беше клучен момент. Доминик ја заслужи победата. Нема што. Беше подобар на теренот“, рече Ѓоковиќ по елиминацијата.

Во второто полуфинале на машкиот турнир на Ролан Гарос ќе играат Енди Мареј и Стан Вавринка. Британецот во четри сета го совлада Кеи Нишикори со 2:6, 6:1, 7:6, 6:1, додека Швајцарецот одигра сет помалку против Марин Чилиќ за конечни 6:3, 6:3, 6:1.

Симона Халона и Каролина Плишкова, пак го комлетираа полуфиналниот квартет кај дамите. Романката, со пресврт, против Елина Свитолина успеа да опстане на Отвореното тениско првенство на Франција. Украинката имаше водство по првиот сет (6:3) и во вториот беше на чекор до најголем успех во кариерата. Но, тај-брејкот заврши на страна на третата фаворитка на турнирот за израмнување на 1:1, а во решавачкиот ја остави противничката на нула.

Чешката тенисерка се задржа пократко на терен од нејзината романска тенисерка. Во два сета ја архивира Каролин Гаријa со 7:6, 6:4 за нејзин највреден резултат во кариерата во Париз.

Ролан Гарос

Мажи, четврт-финале

Тим (Австрија) – Ѓоковиќ (Србија) 7:6, 6:3, 6:0

Мареј (1., В. Британија) – Нишикори (Јапонија) 2:6, 6:1, 7:6, 6:1

Вавринка (3., Швајцарија) – Чилиќ (Хрватска) 6:3, 6:3, 6:1

Надал (4., Шпанија) – Карено Буста (20., Шпанија)

Жени, четврт-финале

Халеп (3., Романија) – Свитолина (5., Украина) 3:6, 7:6, 6:0

Ка. Плишкова (2., Чешка) – Гарсија (Франција) 7:6, 6:4

Новак Ѓоковиќ Ролан Гарос тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.