Голем шумски пожар избувна во близина на плажа во турското одморалиште Мармарис (област Мугла), јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

Причината за пожарот, кој брзо се прошири на релативно голема површина, сè уште не е позната. Пламенот беснее во близина на населено место и позната плажа. Луѓето со вознемиреност ја гледаат огнената стихија, се гледа од фотографиите и снимките од плажата.

Противпожарните служби се обидуваат да го изгаснат огнот и од копно и од воздух.