Голем пресврт на Роберто Баутиста Агут за уште поголема победа над најголемиот моменто на АТП турот. Шпанецот успеа да направи сензационален пресврт за елиминација на Новак Ѓоковиќ 1:6, 7:5, 6:3 во осминафиналето на Мастерсот во Мајами што беше два и пол часа во прекин поради дожд.
Српскиот тенисер одигра скоро совршен прв сет што го реши во своја корист за 34 минути. Во вториот дојде до пад во неговиот ритам, пропушти неколку прилики за добивање на мечот по што се загуби во целост, а тоа знаеше да го казни ривалот и да обезбеди дуел со Џон Изнер во четврт-финалето.
Мастерсот во Мајами се игра за награден фонд од 7,97 милиони долари.